Усогласен е секторискиот акциски план за побрза имплементација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, за што најеверојатно идната недела шефовите на дипломатии на двете земји, Бујар Османи и Екатерина Захариева, ќе го договорат датумот за одржување на втората меѓувладина конференција.
„Овде немаме ништо спорно согласно акциониот план, односно секторскиот план за соработка, кој што е дефиниран од нашите идеи, од последните бугарските идеи кои стигнаа до нас. и овде немаме ништо спорно. Да се одржи, а потоа да бидат увоени на владата и да влеземе во брзо и ефикасно имплемнтирање на сите овие определби“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.
Историјата и политичките теми остануваа надвор од документот вели Заев, иако бугарскиот предлог-акциски план кој Софија го достави во јануари, како одговор на македонскиот од ноември, опфаќаше и прашања поврзани со идентитетските и историски прашања на Македонците. Скопје пред 10-на дена и испрати на Софија предлог документ со темите по кои двата документите се преклопиле.
„Акцискиот план е дефиниран на секторско ниво, посебно е работата на историско-образовната Комисија, посебно се политичките прашања за кои разговараме“, рече Заев.
Во меѓувреме Мешовитата комисија за историски прашања се подготвува за нова средба закажана за 25 и 26 февруари. На состанокот освен за учебниците и прашањето за Гоце Делчев, како што дознава Телма, ќе се дискутира и за неусвоените записници од претходните состаноци, пред се по прашањето на употребата на придавката „македонски“. На Комисијата и преостана да усогласи уште два од три записника, откако пред три недели го усогласи записникот од деветтата средба, а во беа надминати неколку прашања поврзани со содржината од записникот од десетата средба.
Порака дека пак дека двете земји треба да продожат да работат на поставување на широка позитивна агенда, која ќе покаже дека тие соработуваат, како најдобар начин за постигнување на согласност меѓу 27 земји-членки на ЕУ за старт на преговори со Македонија, стигна од Германија.
„Јас сум убедена дека тоа ќе успее. Јас како дипломат сум оптимист по природа, но исто така сум убедена дека ќе успее, дека сите знаеме оти за Македонија отворањето на првата конференција е многу повеќе до заслужена и е крајно време да се случи“, изјави Анке Холштајн, амбасадор на Германија во Македонија.
Холштајн информираше дека Германија активно работи на ова прашање, како со разговори на високи ниво меѓу германската Влада и двете земји, така и со тесна соработка со актуелното португалското претседателствона со ЕУ.
Тамара Грнчароска