Рекордна победа на Самоопределување на парламетарните избори во Косово. Партијата која на избори учествува од 2010 година, освои повеќе гласови од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) во времето на првиот претседател Ибрахим Ругова. Движење самоопределување, на чело со поранешниот премиер Албин Курти, освои околу 48 отсто од гласовите.
Европската унија очекува од новата власт во Косово да се ангажира конструктивно во продолжувањето на дијалогот со Србија и да ја искористи можноста за постигнување сеопфатен договор. Убедливата победа на левичарската опозициона партија има големо значење, но и бара силна одговорност од лидерот Албин Курти, сметаат аналитичарите.
Убедливата победа на Самоопределување има големо значење за демоктаријата на Косово. Во повеќепартискиот систем од 28 партии кои се напреваруваат, да се освојат околу 50% поддршка е многу значајно, но исто така е и голема одговорност за новиот лидер Курти. Да се зафати со повеќеслојната криза, почнувајќи од стопанството кое ќе биде првиот тест за водството на Курти, вели Доника Емини, политички аналитичар.
Во коалиција со партијата на Курти на овие избори беше независната листа на досегашната собраниска спикерка и вршителката на должноста претседател на државата, Вјоса Османи.
Опонентите на Самоопределување, досега владејачката Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, кои во минатото беа најчесто носители на власта во земјата, на овие избори забележаа досега најслаби резултати од нивното постоење. Овие три заедно обезбедија помалку пратенички места во идното Собрание на Косово отколку Самоопределување.
Алијансата за иднината на Косово на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, доживеа изториски пораз со освое околу осум посто од грасачите. Покрај нив изборниот праг од пет отсто не успеа да го помине ни Социјалдемократската иницијатива, партијата на Фатмир Лимај, која исто така досега често беше дел од владеачкото мнозинство.
Според косовскиот Устав, 10 пратенички места се гарантирани за претставниците на српската заедница и тие, како и досега, сигурно ќе ги освои партијата Српска листа, која ја има отворената поддршка на официјален Белград и на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вчерашните, осми по ред парламентарни избори во Косово од осамостојувањето на земјата по војната со Србија во 1999 година, според оценката на Централната изборна комисија и на сите учесници и набљудувачи, се одржаа во деморатска атмосфера и поминаа мирно и без инциденти.
Билјана Ставрова