БЕСА започнува со интензивни комуникации со политичките партии со цел да се одблокира усвојувањето на Законот за лични картии во кој е предложено внесување на етничка припадност.Не се откажуваат од иницијативата и покрај поднесените илјадници амандмани од Левица.
Предлогот кој беше услов за предизборна коалиција доби подршка и од СДСМ.Премиерот Заев ги отфрли обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека се обидуваат преку странични партии да го спречат носењето на законот.
ВМРО ДПМНЕ не гледа ништо спорно во личните карти да има графа за етничка припадност.На ист став се и Алијанса на албанците и Алтернатива.И додека партиите не гледаат никаков проблем во предлогот, експертите сметаат дека ваквото решение е несоодветно не само од аспект на дискриминација туку и нарушување на индивидуалните и граѓански права.Несватливо за нив е како ќе се произјаснат оние етнички заедници кои не се наведени во Уставот, како и лицата кои потекнуваат од мешани бракови. Затоа апелираат предлог измените веднаш да се повлечат од собраниска процедура.
Јулијана Пешевска