Кошарка Спорт

Без Младеновски и Симоновски во Русија

По одржувањето на последниот тренинг пред заминувањето за Русија, селекторот Александар Тодоров го објави конечниот список на играчи кои ќе патуваат за Перм.

Тодоров реши во Скопје да останат Марко Симоновски, кој поради повреда го пропушти целиот циклус на подготовки во Скопје, а за Русија нема да замине и Љубомир Младеновски.

На списокот се наоѓаат: Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Виктор Ефремовски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Лука Савиќевиќ, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски.

Нашата селекција утре заминува за Перм каде ќе одржи уште неколку тренинзи, а првиот натпревар го игра в четврток на 18 февруари против селекцијата на Италија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе