34 пратеници од помалите партии не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите партии.Од утре седнуваат на заедничка маса преточувајќи ја иницијативата за една изборна единица во закон. Можно е во предлогот да се бара пропорционален модел на гласање и укинување на финасирањето на политичките партии.Сметаат дека е крајно време за самостоен настап на изборите
СДСМ го подржува предлогот но инсистира на конзензус.
Една изборна единица е предлог кој не само што ја има нашата поддршка туку ние сме едни од првенците кои ја прокламирале таа идеја.Нашиот став е непроменет.Се надеваме дека предлогот ќе добие поддршка и од другите политички субјекти со оглед на тоа што промената на Изборниот Законик треба да се обезбеди со консензус, вели Јован Митрески координатор на пратеничката група на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ смета дека за измени во Изборниот Законик треба да се разговара во рамки на работни групи.
Што се однесува за една изборна единица, ќе има преговори по однос на Изборниот Законик и ќе го слушнете нашиот став, откако органите на партијата ќе го потврдат истиот.Сметаме дека во овој момент постоечкиот законик не се имплементира, бидејќи во претходната негова измена за парламентарните избори беше ставена одредба, избори да има со отпечаток на прст, вели Никола Мицевски Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Изборниот модел и натаму останува извор на криза во земјата. Изборниот законик досега е менуван 35 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи но компромис за изборниот модел не се постигна. Со децении се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати. Отворените листи се само декларативна заложба на партиите кои се на власт а не се почитуваат ниту долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Се повикуваат на консензус, но тој секогаш зависи од големите партии на кои не им одговара промена на изборниот модел со што и натаму се овозможува поставување на автократи во државата.
Јулијана Пешевска