Ковид19 Македонија Топ вести

Британскиот сој, но и опуштањето на граѓаните причина за зголемениот број на заболени

Во Ковид центрите во Скопје и другите градови во државата се лекуваат 579 пациенти, позитивни или суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство. 230 од заболените се хоспитализирани низ болниците во Скопје, а останатите 349 во здравствените установи во внатрешноста. Најмногу пациенти има на Инфективната клиника – 77 и болницата „8 Септември“ – 73, а пак во болниците низ државата најголем број има во Куманово, Охрид, Велес и Прилеп, каде секојдневно се зголемува бројот на позитивни случаи, но и на хоспитлаизирани.

Од почетокот на месецот до денес во Прилеп има над 200 новозаболени. Кај 10 од нив е регистриран новиот британски сој, кој е присутен и во Охрид и во Кавадарци. Од 28 хоспитализрани во прилепската болница, тројца се заразени со новиот сој, но епидемиолозите велат дека нивната клиничка слика не е различна, ниту потешка отколку кај другите пациенти, па уверуваат дека нема простор за паника. Зголемениот број на новозаболени, велат, пред се е поради опуштеноста на граѓаните.

Секако дека делумно се должи на побрзото ширење на новиот сој на вирусот, но од она што го добивме како податок од  епидемиолошките анктети за однесувањето на нашите граѓани, зголемувањето на новозаболени се должи и на непочитување на мерките за заштита, затоа што поголемиот дел од новите случаи се фамилијарни контакти, заразени на семејни средби, прослави,  вели Татјана Мургоска Станимировиќ, епидемииолог во Центарот  за јавно здравје Прилеп.

Инаку од Министерството за здравство информираат дека голем дел од пациентите кои се хоспитлаизирани во Ковид центрите се на кислородна поддршка, а во болниците низ земјавата има 460 слободни болнички кревети

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе