Ковид19 Македонија Топ вести

Во болниците во државава 579 ковид пациенти и над 460 празни кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има 461 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 230 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти  и 7  на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.   Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 230 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од Министерството за здравство.

Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, во изминатите 24 часа, е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациент.  На  инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштуваат од Министерството за здравство и потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што, посочуваат од МЗ, ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението од Министерството за здравство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе