Ковид19 Свет

Тедрос: Охрабрува намалениот број заразени, но не е време за олеснување на мерките

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека падот на бројот на заразени со коронавирусот ширум светот е охрабрувачки, но предупреди дека не е време да се олеснат ограничувачките мерки.

Тој додаде дека бројот на пријавени случаи на инфекција на глобално ниво се намалува веќе четири недели, а бројот на смртни случаи – две недели.

Се чини дека овој пад се должи на земјите што ги засилуваат мерките за јавно здравје. Сето ова треба да не охрабри, но задоволството е исто толку опасно како и самиот вирус, изјави Гебрејесус.

Тој додаде дека сега не е време ниту една земја да ги олесни мерките или која било индивидуа да се опушти.

Секој живот што е изгубен сега е уште потрагичен затоа што почна вакцинацијата, нагласи шефот на СЗО.

Регистрирани се 108 милиони случаи на зараза со коронавирус во светот, 2,3 милиони луѓе починале како резултат на Ковид-19.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе