Престојните локални избори ќе бидат натпревар на коалиции. Најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со преговори со партиите од албанскиот политички блок за заеднички настап на изборите. Соработките ќе се официјализираат во јуни.
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во постојан контакт со партиите од албанскиот политички блок во пресрет на локалните избори. Премиерот Зоран Заев смета дека здружени ќе може да постигнат подобри резултати. Остануваат отворени за соработка со доегашниот коалициски партнер ДУИ.
ДУИ се убедени дека и да одат сами на избори ќе имаат најдобри резултати.
Соработка е можна и меѓу ВМРО-ДПМНЕ со Алијансата на Албанците и Алтернатива.Иако оттаму велат дека се уште е рано да се соопшти официјална соработка, сепак највисоките партиски органи се во постојани комуникации за заеднички настап на изборите.Локалните избори треба да се одржат во октомври.
Јулијана Пешевска