Ковид19 Свет Топ вести

Мелбурн во локдаун, Германија ги затвора границите

Испораката на вакцините која доцни и забрзаното темпо со кое се шири новиот британски сој на коронавирусот ги натераа земјите ширум светот да прогласат состојба на локдаун.

Вториот најнаселен град во Австралија, Мелбурн, ќе воведе петдневен карантин, а поголемиот дел од тенискиот турнир Аустралиан опен ќе се одржи без публика.

Во најновото жариште на Ковид-19, во карантински хотел во Мелбурн, главниот град на Викторија, се регистрирани 13 нови случаи на зараза од вчера на полноќ, а властите се трудат брзо да го спречат ширењето на британскиот вид.

Премиерот на Викторија, Дениел Ендруз најави „локдаун“ во државата од денеска на полноќ, со што се забрануваат јавни собири, домашни забави, венчавки и верски собири.

Викторијанците ќе бидат добро запознаени со терминот вирус на Велика Британија, варијанта на загриженост во Велика Британија. Ние разговаравме за ова долго време затоа што е толку хиперинфективно и се движи толку брзо што претставува многу, многу реален предизвик за нашиот статус, нашиот престој безбедно, останете отворени, нашата скапоцена работа што ја изградивме, сите, во текот на целата 2020 година – Даниел Ендруз, премиер на Викторија.

Грчката престолнина Атина е под целосен лок даум. Германија ги затвора границите која Австрија и Чешка поради се позачестената појава на британската варијанта на корона вирусот. Мораме да ја поминеме пролетта во карантин за да бидеме порелаксирани летото и есента, порача претседателот на Португалија де Соса, откако  парламентот изгласа продолжување на вонредната состојба до 1. март.

Падна во вода планот на Џо Бајден, кој ја троши третата недела од својот претседателски мандат, да бидат акцинирани сто милиони Американци за првите сто дена од неговото владеење. Сега како добра вест го соопшти потпишувањето на договорите со Модерна и Фајзер и ветува дека до крајот на летото ќе бидат вакцинирани 300 милиони Американци.

 Тоа значи дека сега сме на пат до крајот на јули да имаме доволно количини за 300 милиони Американци. Можеби не звучи како итен напредок кој ние епотребен, но да сме на чисто. Кога пред три недели стапив на должност, оваа земја немаше план или доволно вакцини или луѓе за вакцинација на Американците, воопшто Американци, било кога во 2021 – Џо Бајден, претседател на САД.

Во меѓувреме француската Национална агенција за лекови регистрираше 149 случаи на несакани ефекти кај медицински персонал од вакацината АстраЗенека. Нај луѓе на просечна возраст од 34 години регистрирани се симптоми слични на грип. Здравствените работници кои ја примиле вакцината АстраЗернека се пожалиле на треска, замор и главоболка, што кај некои траеле и до 24 часа.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе