Македонија Топ вести

Силниот ветар носеше покриви и корнеше дрвја, дел од Битола без струја

Неколку часа во текот на ноќта Битола и околината беше зафатена од  невреме проследено со силен  ветер кој достигна брзина и над 60 километри на час. Најсилните удари беа од полноќ  до 4 часот, кога ветрот корнеше покриви од куќи и згради, билборди, тенди и дрвја низ целиот град, што ги вознемири граѓаните. Поради паднати столбови и искинати кабли, без струја остана поширокото централно градско подрачје, индустриската зона и 15 потпелистерски и погранични села. Жителите од овие населени  места велат дека силниот ветер уништи пластеници, а во нивните дворови  летале ќерамиди од покривите.

-Ноќеска вренеше, голем ветер и дожд. Има штети, струја немаме. Силни втеришта, летаа ќерамиди. Во 12,30 ноќта почна да дува до сабајле. Исклучи и струјата, страшно беше, велат жителите на пограничните села.

ОД ЕВН за Телма информираат дека нивни екипи работата на отстранување на дефкетите низ битолскиот регион предизвикани од големото невреме.

„Делови од Битола останаа без снабдување со електрична енергија поради вчерашното сериозно невреме. На терен се забележуваат откорната вегетација, паднати столбови и искинати кабли. Екипите на Електродистрибуција без прекин работат на терен на повеќебројни штети во нисконапонската мрежа како последица од невремето. Доколку дозволуваат временските услови, се очекува во текот на денот во целост да се санираат сите дефекти и да се нормализира снабдувањето со електрична енергија за корисниците на овој регион“, се наведува во соопштението од ЕВН.

Откорнати и искршени дрвја има низ цела Битола, но најмногу низ  градското шеталиште и во  поранешната касарна, а екипите на јавното претпријатие „Комуналец“ од утрово започнаа ација за  отстранување на паднатите стебла и гранки  во  парковите, на  тротоарите и колозвозите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Конфедерацијата на синдикални организации на чекор до Економско-социјалниот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе