Македонија

Кривична пријава за струмичанец поради злоупотреба на фотографии на четири жени

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица вчера поднесе кривична пријава против Г.С. (26) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, по член 149 став 1 од Кривичниот законик.

Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни „xHamster“, соопшти денеска МВР.

Од Министерството наведуваат дека четирите оштетени лица за делото дознале во втората половина на јануари 2021 година, кога и го пријавиле во Полициска станица Струмица.

– На 09.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредби на Основен суд Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден е и друг доказен материјал од интерес на постапката, се наведува во соопштението на МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе