Интернет страниците vakcinacija.mk и kovid19vakcinacija.mk утринава се уште не се во функција за пријавување за вакцинација. „Наскоро“ – пишува на веб страните на кои сите што сакаат да примат вакцина ќе можат да се пријават . Министерот Филипче претходно изјави дека страната за пријавување очекува да биде во функција уште денеска, но утринава се уште не е активна.
Предност во пријавувањето ќе имаат групите за кои е задолжителна вакцинацијата, лицата постари од 70 години и лицата со коморбитети, каде се утврдени 350 групи на дијагнози, потоа лицата над 60 години и понатаму продолжува спуштањето на старосната граница.
Граѓаните откако ќе ја пополнат анкетата, за регистрирање на пријавувањето ќе бидат известени преку електронска пошта или ќе добијат код на телефон како потврда, и соодветно на групата која спаѓаат за терминот и местото на примање на вакцината ќе бидат известени од матичниот лекар.