Ковид19 Македонија

Чагоровска: Закажувањето термин за вакцинација не е исто со закажување за пасош

Веб-страницата за пријавување и изразување интерес за вакцинација против Ковид-19 се очекува утре да биде во функција, најави претходно денеска министерот за здравство Венко Филипче, но во вечерашната Топ Тема на Телма Жаклина Чагоровска од Електронскиот систем „Мој термин“ појасни како е направена категоризацијата на ризичните групи за вакцина против Ковид-19.

Покрај здравствените работници, прва фокус група ќе бидат лицата над 70 години кои имаат и лицата кои имаат коморбитети, по нив следуваат лицата над 60 години итн. Во однос на лицата со коморбидитети Чагоровска посочи дека со помош на универзитетските клиники утврдиле листа на 350 групи на дијагнози.

На матичниот лекар во неговиот дел за работа во Мој термин ќе му бидат достапни сите податоци за лицата кои се негови пациенти, имаат над 70 години, кои ќе треба да одговорат на прашањето дали сакаат да се вакцинираат и всушност да го дадат и одговорот во кој пункт, најблизок до местото на живеење, би се вакцинирале. Ние очекуваме ова да заврши за релативно кратко време, ова анкетирање, па врз основа на тие одговори ќе се планираат и термините и ќе можеме да ги направиме пунктовите, посочи Чагоровска

Што се однесува до електронската регистрација и потешкотиите со кои би се соочиле постарите лица кои се недоволно или речиши воопшто не користат интернет, Чагоровска рече дека се надеваат оти тие лица електронската регистрација ќе ја оствара со помош на своите помлади деца или роднини, од една страна, и матичните лекари од друга страна

Деновиве во јавноста процесот за закажување на вакцина се споредуваше со закажувањето термин за сликање за пасош, но многу е различно, потенцираше Жаклина Чагоровска од Електронскиот систем „Мој термин“.

Овде станува збор за здравствена услуга, интервенција, секое закажување всушност во позадина произведува документ кој се вика упат. Ние евидентираме кого закажуваме, кој го закажува, кој го издава всушност тој упат, за кого е, со која дијагноза е, има посебна дијагноза за вакцинацијата и сето тоа го користиме и го евидентираме на наједноставен начин за лекарите, за да можеме понатаму евиденциите да ги користиме за подобрување на здравствениот систем, рече Чагоровска.

Веб страната на која ќе се прави електронското пријавување е kovid19vakcinacija.mk или само vakcinacija.mk.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе