Изборот на нов патријарх на СПЦ на 18 февруари годинава ќе има големо значење за продолжување на дијалогот и, во идеален случај, решавање на конфликтот со МПЦ, оценува д-р Отмар Еринг од германската фондација „Конрад Аденауер“ во својата анализа. Се` ќе зависи од тоа, дали тој ќе одговори на поканата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, двете страни да се сретнат во состанок во Истанбул. Неговиот претходник, Иринеј, не одговори на поканата, а во меѓувреме почина. Од МПЦ тврдат дека проблемот не е во македонската страна.
Еринг вели дека, и на двете страни им е потребна поддршка од упатените модератори и посредници, откако пропаднаа сите досегашни обиди за изнаоѓање на решение. Во анализата заклучува и дека : Дури и ако судирот меѓу двете цркви се реши со посредување на Васеленската патријаршија, сепак, останува еден голем проблем: огромната штета предизвикана од долготрајниот конфликт меѓу Македонија и Србија на политичко и социјално ниво, кој мора да се надмине со дијалог. Конфликтот меѓу МПЦ и СПЦ трае повеќе од 50 години Историската заднина влече корени од доделувањето на автокефалност на Охридската архиепископија во 1019 година, преку укинувањето, влијанието на Бугарската православна црква и потпаѓањето на територијата на денешна Македонија под надлежност на СПЦ.
Во 1967 година, на 200-годишнината од укинувањето на автокефалноста, Охридската архиепископија прогласи автокефалност. Српската православна црква тоа не го признава и тој раскол продолжува до денес.
Далиборка Демјанска Цветановска