Македонија

Дијалогот на МПЦ и СПЦ ќе зависи од новиот српски патријарх?!

Изборот на нов патријарх на СПЦ на 18 февруари годинава ќе има големо значење за продолжување на дијалогот и, во идеален случај, решавање на конфликтот со МПЦ, оценува д-р Отмар Еринг од германската фондација „Конрад Аденауер“ во својата анализа. Се` ќе зависи од тоа, дали тој ќе одговори на поканата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, двете страни да се сретнат во состанок во Истанбул. Неговиот претходник, Иринеј,  не одговори на поканата, а во меѓувреме почина. Од МПЦ тврдат дека проблемот не е во македонската страна.

Еринг вели дека, и на двете страни им е потребна поддршка од упатените модератори и посредници, откако пропаднаа сите досегашни обиди за изнаоѓање на решение. Во анализата заклучува и дека : Дури и ако судирот меѓу двете цркви се реши со посредување на Васеленската патријаршија, сепак, останува еден голем проблем: огромната штета предизвикана од долготрајниот конфликт меѓу Македонија и Србија на политичко и социјално ниво, кој мора да се надмине со дијалог. Конфликтот меѓу МПЦ и СПЦ трае повеќе од 50 години Историската заднина влече корени од доделувањето на автокефалност на Охридската архиепископија во 1019 година, преку укинувањето, влијанието на Бугарската православна црква и потпаѓањето на територијата на денешна Македонија под надлежност на СПЦ.

Во 1967 година, на 200-годишнината од укинувањето на автокефалноста, Охридската архиепископија прогласи автокефалност. Српската православна црква тоа не го признава и тој раскол продолжува до денес.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе