Ковид19 Македонија Најважни

Падна потпис за 200 илјади кинески вакцини во февруари

Ќе се товарат во Кина, ќе слетаат на скопскиот аердором, а ќе завршат во ладните соби за чување. Кинеската „Синофарм“ и министерот Венко Филипче удрија потпис на договорот за 200–те илјади вакцини до крајот на февруари. Но, од кој датум ќе почне вакцинацијата зависи од денот на испораката.

Вакцината е микс од оптимална безбедност и ефикасност за да може да ја прими секој граѓанин, уверуваат од здравство, а Синофарм тоа го гарантира со сертификати од кинеската национална агенција, или ако е регистирана од европското и американското регулаторно тело за лекови. Ќе стаса во наполнет шприц, а ќе мораме да ја чуваме на температура од 2 до 8 целзусови степени. Успешноста, проценета на 60 до 90 проценти, Филипче задоволен.

Според планот за имунизација на Филипче на секои 10 минути ќе се може да се вакцинира по еден граѓанин. Според Националниот план за вакцинација први ќе се вакцинираат здравствените работници како и возрасните граѓани над 70 години. Здравство и Филипче се надеваат дека Македонија ќе ги добие и ветените 150 илјади дози преку Ковакс системот на европската унија за распределба на вакцини со што земјата ќе зилезе од листата на земји кои до сега не вбризгале ниту една доза.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе