Цане Гелевски, најстариот маж во Брегалничкиот регион денеска со торта го прослави 102 роденден. Дедо Цане над 16 години живее во селото Борилчево во Општина Чешиново-Облешево.
Роден е и до својата 85 та година живеел во скопското село Дивљак, каде бил поштар. До пред три години помагал на својот син и снаа во бачилото во Борилчево, иако се движел со помош на двата бастуни.
Лани пред камерата на Телма го откри и рецептот за да се живее над сто години. Досега нема запалено цигара, а секој ден си бара и по една чашка ракија. Задоволен е од негата, која му ја овозможуваат снаата и синот. Инаку има пет синови и голем број на внуци и паравнуци.