Британскиот сој на Ковид -19 се шири низ Македонија. Потврдени се 45 случаи во десетина града низ дражава. Најмногу случаи има во Охрид и Прилеп. Лекарите и медицинскиот персонал од Клиниката за Нефрологија, не се заболени од британскиот сој, потврдија анализите во МАНУ. 22 пациенти ја загубија битката со коронавирусот во последното деноноќие
Расте бројот на заболени од британскиот сој на коронавирусот во Македонија. Досега во лабораторијата на МАНУ се потврдени 45 случаи. Мутацијата е дететктирана во повеќе градови низ државата а најмногу заболени од овој тип на вирусот се од Прилеп и Охрид.
Министерство за здравство: „Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес“, соопштија од здравство.
Откако беше потврдено за 46 годишниот скопјанец дека е носител на овој тип на вирус сега тој е дететктиран и кај четворица кавадарчани, кои сега веќе се водат како оздравени. Британската мутација е детектирана и кај пациент од Куманово.
Според официјалните податоци на Министерството за здравство во последните пет дена во Каварадци се регистрирани 123 новозаболени, а во истиот период бројката на оздравени е релчиси двојно помала – 66 пациенти.
Кавадараци е трет на листата по број на активни случаи во моментов, по Скопје и Охрид , со 336 заболени.
Лекарите и медицинскиот персонал од Клиниката за Нефрологија, вкупно 29 лица, не се заболени од британскиот сој, потврдија анализите во МАНУ
Британскиот сој на вирусот се појави во септември минатата година а истражувањата покажуваат дека овој сој, поради мутацијата, многу побрзо и полесно се шири меѓу населението бидејќи протеинот што ја обложува клетката на вирусот му овозможува побрзо да навлезе во клетките на организмот. Засега нема копнкретен доказ дека има поголема стапка на смртност кај заболените од оваа мутација.
Во последното деноноќие регистирани се дури 22 жртви и 75 новозаболени. Направени се 726 тестирања од кои 10-,3 отсто се позитивни. Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 2.946 лица а во монетов како активни се водат 6.486 случаи.
Огнен Чанчаревиќ