14 .500 денари по работник наместо на сметка на фирма да легнуваат директно на сметка на вработениот. Ваква идеја до владата доставил синдикатот уште псоле првата злоупотреба со државната помош но државата тоа не можела да го реализира. После објавувањето на злоупотребите од последниот пакет мерки за фирмите погодени од корона кризата повторно синдикатот алармира, дека мора да се најде начин за да се стопира ваквата злоупотреба но и бара отчед за тоа дали некоја фирма досега е казнета
306 компании се најдоа на црниот список на УЈП. Земале повеќе од 16 милиони денари од државата среде Ковид-криза, а не ги искористиле за тоа што се наменети – исплата на декемвриските плати за вработените. Оштетени се близу илјада вработени кои не земале плата. Ако се види листата од 78 компании со најголем број на вработени а поради тоа и со највисока државна помош е телевизија алфа. Останатите најчесто се фирми за трговија, ресторани, пицерии, такси компании, фризерници со многу помал број на вработени и тоа најголемиот дел се човек фирма или пак со двајца вработени.
Од УЈП ветија дека компаниите нема да им се провлечат на институциите. Добиле опомени и ако не го испочитуваат рокот – ќе се случи присилна наплата. Сепак ова не е единствен случај откако владата дава помош паради Ковид-пандемијата. И претходните месеци компании се осмелија да земат финансиска помош за плати, а да не им ги дадат на вработените.
Билјана Николовска