Вести Македонија Топ вести

Царовска: Сексуално образование ќе биде изборен предмет

Предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов Човек и општество, а од четврто до деветто Историја и општество, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за Канал 5, откако претходно во собраниската Комисија за образование, наука и спорт на јавна расправа беше ставена Нацрт-концепцијата за основно образование.

Истакна дека јавноста треба да се чувствува безбедно и оти ова зборува дека ги слушнале граѓаните и оти не сакаат нивниот страв да продолжи : “Никако оваа реформа, освен преку лажната вест, не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање, порача Царовска.

Царовска, во синоќешното интервју за Канал 5 рече дека ќе се изучува сексуалното образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение.

Таа дополни дека во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во 9. одделение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Демонстранти погодени со шок бомби кои протестираа поради апсењето мигранти во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе