Вести Македонија Најважни

Судот одлучува за притвор на администраторите на минатогодишната „Јавна Соба“

Креаторот и администраторот на групата „Јавна Соба“ која беше откриена минататра година а потоа затворена се изведени пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе им одреди притвор.  Станува збор за двајца скопјани, на возраст од 32 и 31 година, кои на барање на обвинителството беа приведени вчера.

Против нив се поднесени обвиненија за производство и дистрибуција на детска порнографија дело за кое е предвивдена минмална затворска казна од пет години. Обвинителството успеало да ги најде и да ги документра видео записите објавени во таа група на кои се гледа полово однос со малолетни лица.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете“

Со поднесувањето на обвинението заврши предистрагата на Обвинителството која траеше точно една година. Оттаму велат дека обемноста на материјалот и анализите биле пресудни за времетрањетѕо на предистаргата во  која биле доставенји 20 наредби и барања до МВР.

Предистрагата во однос на пријавите на жртвите во минсатогодишната група но и на оние кои сега пријавија сеуште трае.

Обвиниение нема против четворицата приведени кои беа идентификувани како членови на групата „јавна Соба“ затворена пред само десетина дена. Нивните телефони се запленети но што понатаму се случува нема никаква информација.

Во моментов повбторно има активна група „јавна Соба“ во која членуваат и лица од Србија и каде се споделуваат слики, инофрмации и видео записи од жртви од македонија и Србија.

Од Обвинителството и МВР бавната истрага ја правдаат со фактот дека платформата „Телеграм“ одбива да им даде податоци за членовите во групата.

Завчера во Скопје се одржа протестен марш во знак на поддрѓка на жртвите на овие предатори но и поради револтот од тоа што никој сеушпте не е зад решетки.

Министрството за парвада предложи измени во Кривичниот законик со кои се воведуваат две клривични дела, „демнење“ и „сексуално вознемирувцање“ за кои максикмалната затворска казна е три години.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе