Повеќе од еден милион евра ќе добие општина Дојран за подобрување на состојбата на Дојранското Езеро. Владата за три месеци им ги одобри овие пари за да се работи на клучните проблеми како чистење на калта и вегетацијата од крајбрежјето. Градоначалникот Анго Ангов вели дека станува збор за штетна вегетација а со нејзино отстранување ќе се отворат и нови плажи.
Ќе се распише меѓународен тендер за чистење на езерото, а општината ќе добие и свој багер на вода којшто во иднина ќе им служи за тековно одржување на езерото, но и пробивање на нови плажи.
Пролетва Дојран ќе ја уреди и познатата локална плажа Калдрма, за којшто издвои околу 3 милиони денари од сопствениот буџет.
Сузана Мицева