Македонија Топ вести

Ивановска за Топ Тема: Од 11 иницијативи на ДКСК само 4 се прифатени

„Од 11 иницијативи на Државната комисија за спречување на корупцијата само четири се прифатени“, рече во вечерашната Топ Тема на Телма Билјана Ивановска претседатеката на ДКСК, која како пример ги посочи иницијативите за одговорност за поранешниот вице премиер  за која комисијата не добила одговор од владата, а тој самиот учествувал и во расправата, потоа иницијативата за директорот за Агенцијата за филм, како и отфрлањето на иницијативата за ректорот на УКИМ.

Во Топ Тема гостува и Слаѓана Тасева претседателка на „Транспаренси Интернешанл“ која потсети дека Антикорупциска е формирана во 2002 година, „кога нејзините иницијативи разрешуваа министри кои немаа поднесено анкетен лист. Имавме резултат и на индексот на корупција. Тогаш имаше поголема поддршка од владата и кон одлуките имаше поинаков пристап. Веќе во вториот состав работите се сменија. Со изборот на членовите во собранието требаеш да врати улогата и интегритетот на Комисјата“, рече Тасева.

Инаку извештајот на Транспаренси Интернешнал ја рангираше земјава на ниво со Босна и Херцеговина, Панама и Монголија – историски најлош рејтинг на ранг листата за перцепција за корумпираност на државата.

Тасева рече дека по добивањето на извештајот досега ниту една влада не ги повикала на разговор. „Владата треба да има јасен став и национален консензус дека не треба да има компромиси околу високата корупција, односно треба да запре мешањето на политиката во се во сешто и треба да се почитуваат препораките од невладините тела“, потенцираше Тасева.

Национална стратегија за борба против корупцијата се уште не е донесена во Собранието. Првото прочешлување започнува во понеделник на расправата на Комисијата за политички систем. Ивановска вели дека дел од пратениците веќе им дале позитивни забелешки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе