Македонија

Жителите на Ѓорче против урбанистичкото насилство во Општината

Жителите на Ѓорче Петров тврдат дека се врши урбанистичко силување на Општината . Тие стравуваат дека со тоа што минатата недела Советот изгласа програма за работа во кој се предвидува до крајот на оваа година да се донесат и да се стават во сила 25 детални урбанистички планови , тие ќе се штанцаат затоа што треба да се донесат за осум месеци .

Сметаат дека нема да се почитуваат роковите за јавни анкети, запознавање на јавноста, разгледување на анкетните листови, и дека јавноста ќе биде комплетно изолирана од процесот.  Моментално во општина Ѓорче Петров, секторот за урбанизам и планирање како да го водат градежните инвеститори кои дивеат и уцртуваат маркици за колективно домување каде што сакаат, наместо професионалци кои ќе го почитуваат законот за планирање и градење сметаат граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе