Хотелски комплекси , трговски центар, пазар и викенд населба предвидува новиот детален урабнистички план за езерото Треска изработен од Општина Сарај и одобрен од Град Скопје. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, вели дека Скопје и скопјани ќе добијат ново модерно место за одмор и рекреација и туристичка дестинација за туристи.
Рекреативното езеро Треска со околината зафаќа површина од речиси 76 хектари кои се влезени во новиот урбанистички план.
Хотелскиот комплекс ќе биде со пет ѕвездички и опремен со спа центар, отворени и затворени базени а до него е предвидено да се постават дрвени бунгалови кои би се издавале.
Во Блокот 1 кој има најголема површина од 31 хектар и во кој влегува езерото, предвидена е плажа во широчина од 30 метри на која ќе може да се поставуваат лежалки и чадори, базени,тобогани и шанкови, а Општина Сарај најавува изградба на колекторски систем за да може водата повторно да биде за капење.
Блокот 2 е предвиден за викенд населба, зафаќа површина од 12 хектари и почнува веднаш по излезот од Сарај. Викендичките може да имаат најмногу два ката и поткровје и височина од 10 метри.
Девет и пол хектари е површината на која ќе се гради хотелски комплекс предвиден во Блок 3. Се наоќа веднаш до сегашниот влез на езерото. Спроти него на површина од еден хектар ќе се изгради трговски центар и отворен пазар.
Проценката на тимот на Беџети е дека инвестицијата ќе тежи околу двесте милиони евра и ќе отвори многу работни места.
Тој најавува дека ќе ја спроведе постапката до крај и потоа ќе го предаде владението на министерствата кои ќе требада ги ловат потенцијалчните инвеститори и да ги издаваат сите дозволи.
За проблемот со камперите е дециден, приколките ќе се дислоцират. Беџети ќе побара помош од МВР за да се лоцираат сите сопственици и кажа дека тврдите градби кои камперите нелегално ги поставиле ќе бидат дополнителен терет на Буџетот при расчистувањето на теренот.
Камперите од друга страна пак се надеваат на компромис, велат дека трпат закани и притисоци и чекаат на прием во Владата.
Владата во ноември 2013, надлежноста на езерото Треска од Град Скопје ја префрли на Општина Сарај. Земјоделското земјиште околу езеротот лани Владата го пренамени во градежно со што го отвори патот за измените во ДУП – от. Иако се работи на терен, општината сеуште чека одлука од Владата за прогласување на езерото Треска за развојната туристичка зона.
Огнен Чанчаревиќ