Македонија Топ вести

Македонија го достигна најниското 111. место од 2001 до сега според индексот на корупција

Со пад од 5 места во споредба со лани Македонија го достигна најниското 111 место од 2001  до сега откако во земјава се мери индексот на перцепција за борба против корупција. Земјава е на дното во регионот  заедно со Босна и Херцеговина а во светски рамки на ранг листата е во друштво и со Монголеија и Панама. Од  Трансапренси Интернешнал Макеоднија посочуваат дека со декалративна наместо вистинска борба против корупцијата без ефикасни реформи без владеењето на правото,  без  справувањето со високата корупција  и конфискација на украдените народни пари не може да се очекувуа напредок и во иднина.

Борбата со корупцијата во земјава назадува покажува инексот на прецепција за корупција на транспаренси интернјшнал за 2020. Со ист број на поени како но 5 места  подоле на ранг листата Макеоднија го достигна најлошиот резултат во посдлените две децении. Друштво и прават Босна и Херцеговина, Панама и Монголија. Најлош резултат заедно  со Босна имаме и во рамки на регионот каде на врвот на табелата е Словенија.  Од 2014 сме во постојан пад во рангирањето а за 2020 е констатирано влошување во 2 од 7 те извештаи кои ја аназираат Макеоднија. Бележиме послаби резултати во областите на владеење на правото, човковите права и пристап до информации, посочува претседатлеката на Транспаренси за Макеоднија Слаѓана Тасева.

Потребна е поголема транспарентнсост на институциите но и да се прстане со политички пазарења при враобтувања во администрацијата но и зајакнување на надзорните тела. Тасева го истакна и проблемот со кој се соочува антикорупциска со тоа што не им се опбезбедува простори опрема и неопходниот софтвер не им се овозможи да се екипира и опремат за да ја исполниува својата функција во борбата со корупцијата

Најдобро рангирани во индексот на перцепција зак орупција се Данска и Нов зеланд зад нив се Финска Сингапур Шведска и Швајцарија. На дното на табелата се Сомалија и Јужен Судан.

Од Транспаренси Интернејшнал посочуваат дека ковид кризата што го зафати светот не е само здравствена туку и еконосмка и криза на корупцијата. Пандемијата покажа дека  оние земји што имаат повисок степен на корупција  се помалку способни да се справат со предизвиците посочуваат од Транспаренси.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе