Вести Македонија

Се уште мириса на чад во изгорениот „Глобал“

Тони отпад се изнесоа од трговскиот центар Глобал, но мирисот на чад сѐ уште не го напуштил местото. Изгорените продавници, сагите и понатаму сведочат за големиот пожар од 2 јануари. По три седмици, сопствениците се организираат и бараат помош. Отворија и посебна сметка за донација, таканаречен солидарен фонд. Неколку локални компании веќе истапија со конкретна поддршка, донесоа, механизација, вклучија свои вработени но и други ресурси за санирање на опожарената површина.

Општина Струмица ја вклучи и комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди. Ги прибираат документите од сопственциите и кор Понатаму барањата ќе се процесуираат за обесштетување.

Во пожарот што изби во тргпвскиот центар Глобал настрадаа десетици дуќани, а изгоре и половина од градскиот пазар. Засега истрагата не открила која е причината за пожарот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе