Вести Македонија Топ вести

(видео) „Макпетрол“ АД Скопје донираше 1000 таблети за ученици во основни училишта

 

Макпетрол“ АД Скопје набави и донираше 1000 таблети, во вредност од над шест милиони денари, наменети за учениците во 20 основни училишта низ државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, со цел да стигне до оние на кои им е најпотребна.

– Во овој период учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна пандемијата, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, па токму затоа како компанија решивме да го олесниме тој процес на транзиција. Свесни сме дека нашите најмлади, кај кого е клучот за подобра иднина, заслужуваат да бидат во чекор со модерниот свет, а на нас, возрасните, ни е задача тоа да им го овозможиме, се наведува во соопштението од „Макпетрол“.

Оттаму изразуваат уверување дека вложувањето во образованието како еден од најважните столбови на една држава е од големо значење.

„Макпетрол“ АД Скопје, стои во соопштението, ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи, велат, веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани.

Министерката Царовска се заблагодари за донацијата.

Донацијата е предадена директно на општините коишто таблетите ќе ги распределат на училиштата. Продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на услови за континуитет на наставата за секое дете, наПиша министерката Царовска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе