Вести Македонија

Нема бесплатно на автопат- тврдат од Државни патишта по објавените видеа дека возачи покажуваат легитимации и палки на патарина

По објавените видеа на социјалните мрежа на која се гледаат возачи кои покажуваат легитимација или сообраќајна палка за да ги пушти инкасаторот на патарина без да платат, од ЈП за државни патишта соопштуваат дека таквите возачи се казнуваат после инцидентите и дека наплатата на патарини изнесува 97%.

-Согласно со Законот за јавни патишта јасно e детерминиранo кои возила се ослободени од плаќање патарина (полициски возила и возила во полициска придружба, возила на Брза помош, армиски возила, погребално возила и други возила кои по основ на инвалидитет се  ослободени од плаќање патарина), и тие мора да бидат јасно обележани.

Нашите најнови податоци говорат дека наплатата на патарина се движи околу 97% проценти од вкупно поминати возила на наплатните станици, но во инцидентни случаи ќе се појави и некое возило кое нема да плати, одбива да плати или смета дека со (зло)употреба на службена легитимација е ослободено од плаќање на надомест за патарина.

Во вакви случаи, системот за наплата има предвидено решение, каде што инкасантот/оператор во кабина, секое возило кое одбива да плати патарина по било кој основ го запишува во системот со регистерска табличка, време на поминување, лента и Наплатна Станица. Овие податоци потоа се обработуваат и на сопственикот/возачот на моторното возило му се изготвува фактура која има рок од 15 дена да ја плати. По изминување на овој рок, доколку лицето се уште го нема подмирено долгот, предметот/фактурата се предава на адвокат и наплатата се прави преку извршител. Во делот каде што е имплементиран електронскиот систем, за секое неплаќање  се издава посебен билет кој лицето, исто така, има рок да го плати.

Па така на пример, за периодот на целата 2020 година, од плаќања на казнен билет или билети за неплатена патарина на Коридорот 10, остварен е вкупен промет од 1.176.190,00 денари. (околу 19.200 евра)

За конкретниот случај за кој се интересирате (објавеното видео со наводна полициска легитимација) ве информирме дека е веќе известен надлежниот орган за постапување, соопштија од ЈП ДП иако не се спомнати патиштата на коридорот 8 односно патиштата кон Тетово и Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе