Свет

Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети

Претседателката на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на Конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се утврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил.

Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на Конгресот се поврзани со нападот од 6 јануари, при што загинаа пет лица.

Ако се утврди дека членови на Конгресот биле соучесници во овој бунт, ако помагале или поддржувале злосторство, можеби ќе мора да се преземе акција надвор од Конгресот во смисла на кривично гонење, истакна Пелоси.

Нејзината изјава откако членка на Конгресот од демократска партија Мајки Шерил пред неколку дена изјави дека видела неколку колеги како водат „извидувачки групи“ во обиколка на Конгресот, еден ден пред нападот.

Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на Капитол на 5 јануари.

Пелоси наведе и дека ќе биде извршена ревизија на безбедноста на Конгресот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе