Вести Македонија Топ вести

Бугарија со демарш, државниот врв со осуда на палењето на бугарското знаме во Вевчани

Бугарија испрати  демарш до МНР по вчерашниот инцидент и палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани. Осуда на настанот дојде и од претседателот Стево Пендаровски и од МНР.

Демаршот во МНР утрово го доставил бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов а за тоа, преку социјалната мрежа „фејсбук“ информираше бугарската шефгица на дипломатијата, Екатрина Захариева.

„По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“

Претседателот Стево Пендаровски, исто така преку социјалните мрежи, со осуда на чинот на палењето на знамето.

„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување“

Министерството за надворешни работи со порака дека Карневалот во Вевчани е вековна традиција и не смее да се наруши реномето и да се омаловажуваат народи и држави.

„Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи.Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само го нарушува реномето на Карневалот туку  и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија“

Од МВР засега нема информации дека е покрената кривична одговорност за лицето кое го запали знамето.

Од струшкото јавно обвинителство соопштија дека по допрен глас отвориле предмет за палењето на знамето и од локалната полиција побарале идентификација на лицето кое ќе се гони за повреда на углед на странска држава.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе