Свет Топ вести

Загинаа 34 луѓе во земјотрес во Индонезија

Земјотрес со интензитет 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди индонезискиот остров Сулавези, при што загинаа најмалку 34  луѓе, а околу 600 се повредени.

Поради силниот земјотрес околу 2.000 луѓе од провинцијата Западно Сулавеси беа принудени да ги напуштат домовите.

Епицентарот на земјотресот бил на шест километри североисточно од градот Мајене, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, оштети мостови, домови, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе