Опозицијата повикува на мобилизација пописот да не се спроведе , власта на консензус и апел до пратениците да го подржат законското решение. Ниту една партија не попушта во своите ставови за најголемата статистичка операција.Вмро Дпмне упатија забелешки на злоупотребата на европското знаменце, одбивањето на нивните амандмани, нетранспарентноста на власта.
Пописот ќе се спроведе во април, децидни се СДСМ.Тврдат дека државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис, а ќе се прави и споредба и ќе бидат проверени со податоците на други 10 институции.
Се очекува законот за попис да се изгласа во текот на утрешниот ден. Македонија е единствената земја во Европа која нема спроведено попис 18 години.Тоа беше нотирано и во последниот извештај на Европската Комисија со напомена дека мора да се спроведе попис на населението во текот на годинава.Ќе се спроведува со т.н комбиниран метод, истовремено попишување на терен со класичен метод, интервју лице во лице како и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Целата територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни региони во кои ќе има регионални пописни комисиии.Најголемата статистичка операција ќе чини 8,5 милиони евра а резултатите ќе бидат објавени 6 месеци по завршување на целиот процес.
Јулијана Пешевска