Одбојка Спорт

Ѓорѓиев: Да одиграме најдобро што можеме

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е првиот противник на одбојкарската репрезентација на Македонија на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што се одржува во Скопје.

Оваа селекција во Скопје допатува со изменет состав, кој е непознат за нашите репрезентативци, ние сме фаворити, но како што потенцира капитенот Никола Ѓорѓиев мора да одиграме најдобро што можеме, да не го потцениме противникот и турнирот да го отвориме со победа.

“На иницијалниот список на почетокот од подготовките за овој турнир Босна и Херцеговина имаше навистина добри играчи, но поради целата ситуација со пандемијата не знаеме кој ќе допатува во Скопје. Вчера го погледнав нивниот конечен список со 14 одбојкари и да бидам искрен, не знам ниту еден од нив. Тоа може да биде меч со две острици, станува збор за млада екипа и сигурно дека ќе играат слободно, нема што да изгубат за разлика од нас кои  имаме притисок да забележиме победа барем на два натпревари. Планот е да се победи Босна и Херцеговина и да одиграме најдобро што можеме во дуелите против Турција. На натпреварот против Босна и Херцеговина дефинитивно се ќе зависи од нас, никако не смееме да ги потцениме и ако одиграме како што знаеме и можеме очекувам да забележиме победа”, изјави капитенот Ѓорѓиев.

Мечот се игра попладнево од 18 часот во ВИП арената Борис Трајковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе