Македонија Најважни

ЕКСКЛУЗИВНО: Што бара(ла) Бугарија, а одби Македонија во ноември лани?

Телма дојде до еден од дузината документи разменети меѓу Софија и Скопје за време на преговорите за одобрување на преговарачката рамка и симнување на Бугарската блокада.

Во дел од текстот, кој бил понуден до германското претседателство, а кој македонската страна го одбила, се потврдуваат бугарските инсистирања дека Македонија е творба на Тито, дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот – ставови кои се содржани и во други документи на официјална Софија, како што се Декларацијата на бугарскиот парламент, Рамковните позиции од октомври 2019 и Изјавата од Март 2020, како и Објаснувачкиот Меморандум.

Во дел од текстот, одбиен од македонска страна, поради што Софија и не го тргна ветото, меѓу другото се вели:

За потеклото на мaкeдонскиот народ:

….Борбата за национална независност од Османлиската империја на населението во географската област на Македонија произлегува и е тесно поврзана со бугарската историја. Непријатните промени на историската судбина на ова население, кое останаа надвор од надлежноста на бугарската држава, го означи почетокот на постепениот процес на политичка диференцијација на еден дел од ова население. Во рамките на овој процес, во делот на географскиот регион на Македонија, пошироко познат како Вардарска Македонија, создаде околности кои подоцна доведоа до формирање на ДФ Македонија, НР Македонија и СР Македонија како федерална единица во поранешна федерална Југославија и Република Македонија како независна држава од 1991 година и денешната Република Северна Македонија.

За македонскиот јазик: 

…Бугарскиот јазик и македонската книжевна норма се литературни норми на еден  јазик во минатото. Литературната норма норма, утврдена во 1945 година и официјално прогласена за македонски јазик во Република Северна Македонија, се заснова на делови од западнобугарските дијалекти. Македонскиот јазик е официјален јазик на Република Северна Македонија во согласност со нејзиниот Устав…

… Земајќи ги предвид заедничките јазични традиции и во согласност со нејзината литературна норма, Република Северна Македонија го запишува и изговара името на другата договорна страна како „Република Блгарија“, а нејзините граѓани како „блгари“… “

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Ангелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе