Вести Македонија Најважни

Сообраќајка на патот Велес – Скопје, еден загинат

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, по што сообраќајот беше три часа во прекин. Сообраќајката се случила претпладнево околу 10 часот пред тунелот кај Катланово, кога автомобилот излетал од патот и удрил во банкината.

Итната помош од Велес пристигнала прва на местото на несреќата, при што веднаш констатирале смрт кај возачот, кој бил на возраст од 60-тина година. Повредена е жената која била во возилото, и веднаш била префрлена во болницата во Велес. Жената која има 89 години е со полесни повреди на главата и на десната потколеница.

Поради сообраќајката, од 10 до 13 часот кога се вршел увид на местото на настанот автопатот Велес-Скопје беше затворен за сообраќај, па возачите мораа да патуваат преку новиот автопат Штип-Скопје.

Причините за сообраќајката ќе бидат познати по извршениот увид од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Попусти за оние кои разумно трошат струја и сами си ги читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе