Помалку пациенти, но со сериозна клиничка слика. Ваква е состојбата со Ковид-19 во струмичката Општа болница. Директорот Наќе Гогов вели дека конечно по неколку тешки месеци не се со преполни капацитети.мвр
Струмичката болница отвори дневна Kовид-амбуланта на местото на две постоечки, а во процес на монтажа е и модуларната Kовид-болница.
Овие капацитети треба да му помогнат на поширокиот струмички регион за сместување и третман на пациенти во текот на пандемијата.
Во струмичкиот регион има околу 420 активни случаи на Kоронавирус.
Сузана Мицева