Македонија

Надојдените води на Драгор опасност за водоснабдувањето на Битола

Надојдените води од пелистерските водотеци во реката Драгор однесоа дел од брегот во непосредна близина на пумпната станица Довлеџик, од каде со вода се снабдуваат Битола, Могила и Новаци.

Механизација и екипи на сите јавни претпријатија се на терен и градат насипи за да спречат излевање на реката и да го спасат објектот кој е од витално значење за градот.

“Ископот којшто го направи водата е најкритичната точка што ја санираме во моментот. Вклучени се сите јавни прептријатија на општината Битола. исто така вклучена е и механизацијата на Водостопанство и механизацијата на ЈП Стрежево“ изјави градоначалничката на општина битола, Наташа Петровска.

 

“Носиме земја, чакал, шут на оваа локација за да превенираме понатамошно туркање на речното корито и излевање на реката Драгор“ вели Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.

Екипите ќе ја следат состојбата и ќе останат на терен и во текот на ноќта.

Од локалната самоуправа велат дека потпорниот ѕид изграден на оваа локација летоска спречил поголема катастрофа.

„Навремената изградба на потпорниот ѕид ја спаси пумпната станица, да не дојде до поголема катастрофа и да ја остави Битола без вода. Тоа треба да продолжи и натаму за да овој витален објект биде заштитен и во наредниот период, изјави Козаров.

 

Во Битола до 7 часот утрово наврнаа 17 литри на метар квадратен дожд.

Инаку екипите на јавните претпријатија, но и механзација на приватни фирми, интервенираат на повеќе локации во Битола и околните села , но најкритично е во непосредна близина на пумпната станица.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Инспекциите на потег за бесправната експлоатација на коритото на Вардар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе