Економија

Штипски „Гласен Текстилец“ за шест дена примила над 70 пријави за неисплатен К-15

Воопшто неисплатен или уплатен минимален износ од 250 до 2000 денари добиле над 70 текстилни работници во земјава, кои пријавите и поплаките ги доставиле до штипската невладина „Гласен Текстилец“.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакнува дека годинава е зголемен бројот на рабодотавци кои се охрабриле и воопшто да не го исплатат регресот за годишен одмор, а имаат и пријави од работници и во компании кои се членови на синдикатите.

Имаме исплатено износ од  2000 денари и  тоа го имаме во фирма во Делчево каде што се организирани во синдикат и воопшто не исплатен регрес во фирма во Скопје, која исто така е со членство во синдикат. Комапниите за жал ги користат аномалиите во колективниот договор, а кои со години се провлекува, вели Ампева.

Таа посочи дека и на трудовиот инспекторат му се врзани рацете, зашто тие можат да реагираат само онаму каде што  на работниците по овој основ не им е уплатен ниту денар. – Таму се дава решение од страна на Државен трудов инспекторат. Обично тоа се рокови од 8 до 15 дена, па подоцна доколку работодавачот не го исплати регресот за  годишен одмор во никаква сума, следуваат казни и слично, додаде Ампева.

Потенцира дека овој проблем се провлекува со години наназад, а работодавачите ја користат аномалијата од колективниот договор, која им овозможува минимална исплата и од 100 денари доколку фирмата работела со загуба. –  Моментално загубата во нашата држава е манипулација. Ние имаме работодавачи кои што во месец декември си купуваат, си го обновуваат сопствениот или личен возен парк и тоа го пријавуваат како загуба или како инвестиција. Не е загуба и не е инвестиција, ако си се подновите со ново „Бентли“ или нов „Туарег“ или не знам што, вели Ампева

Таа забележа дека исплатата на К-15 мора да биде јасно прецизирана во новиот Закон за работни односи и да не се прави дискриминација меѓу приватен и јавен сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе