Домино-ефектот на забрани за патувањата расте поради зголемената загриженост за новиот мутант вид на КОВИД-19 откриен во Обединетите кралства. Се зголемува бројот на земји кои забрануваат летови, траекти и возови од и кон Велика Британија.
Франција забрани 48 часа патување од Велика Британија, забраната стапи на сила на полноќ. Германија, Италија, Холандија, Белгија, го блокираа авио и железничкиот сообраќај, потоа Австрија, Ирска, Бугарија и Хрватска прогласија 48-часовно прекинување на летовите. Француската влада ќе се обидат во овој краток рок од 48 часа да изградата „заедничка стратегија“ за тоа како да се справат со заканата од новиот вид на коронавирусот.
Одлучивме дека за да собереме максимум информации во текот на овие 48 часа. Мора да преземеме итна мерка, тешка, бидејќи станува збор за здравствена заштита, па затоа забранивме, како и многу други европски земји, за помал временски период. Исто така и Белгија, која како нас има најголем сообраќај на стоки и луѓе со Велика Британија, реши да го прекин целиот превоз, кажа Клемент Бон, француски министер за европски прашања.
Но, Британија притиска за што поскоро укинување на ваквата забрана, бидејќи најголемиот дел од стоката доаѓа во Велика Британија во контејнери – околу 80 проценти – и дека станува збор за контејнери без екипаж, кои не подлежат на забрана.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, чија земја исто така ги забрани летовите кон В.Британија, пред новинарите рече дека неговата земја се уште ја нема конечна информација за опасноста од нивиот коронавирус, но мора да бидат внимателни. Тој ја истакна неопходноста од европска координираност во планирањето на следните чекори.
Се уште немаме конечни информации за целосна оценка околу ова, но мора да бидеме претпазливи. А ова што го направивме се први чекори во таа насока, вели Мас.
На списокот забрана за летови се приклучија и Турција и Швајцарија. Надвор од Европа, забраната воведоа и Израел, Иран и Салвадор.
Британскиот премиер Борис Џонсон за денеска свика состанок на кризното тело на кој ќе се разговара за меѓународниот сообраќај. Во меѓувреме, фунтата падна за скоро 2,0 проценти во однос на доларот и се менува за 1,33 долари, а речиси се изедначи со еврото.
Новиот вид на коронавирусот, што брзо се шири низ делови на јужна Англија, „има невообичаено голем број мутации, дури 22“, тврди британскиот вирусолог Венди Баркли и сега е важно да се дознае дали вакцините, сепак, се подеднакво ефикасни против новиот тип на Ковид-19.
Светската здравствена организација соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија, но дека нема докази дека новата варијанта на коронавирусот е поопасна.
Билјана Ставрова