Македонија Топ вести

Без еуфорија и со маски на лицата – предновогодишна атмосфера на плоштадот во Скопје

Штандови со храна, дрвени куќарки во кои се продаваат новогодишни пакетчиња и украси , книги, Дедо Мразовци кои се сликаат со дечиња- е денешната слика од градскиот плоштад .

Но, и прва година како предновогодишната еуфорија поминува во корона – пандемија , па покрај новогодишните декорации неизбежна е и глетката на граѓани со заштитни маски  на лицата.

А, со намалувањетго на дрвените куќарки , е намелен метежот и прометот на продавачите кои оваа зима ќе затвораат порано од вообичаено.

Меѓутоа она што остана исто како и пред короната се семејства кои чекаат на фоторафија со Дедо Мраз.

Граѓаните кои зборуваа пред нашата камера велат дека ги ограничуваат своите излегувањата , но и дека сметаа дека маските ги штитат.

Сепак, кладилниците, казината  и моловите за кои нема намалување на работното време и понатаму се полни.

Па така, вчера на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа дека настап на бенд во живо, ги забавува купувачите во Сити Мол, иако  забраната за јавни настапи на уметниците, на отворен и на затворен простор е на сила од 21 октомври.

Од државниот пазарен инспекторат за Телма велат дека нспекторите веднаш по дојавата отишле на лице место, но забавата со бендот веќе била завршена. Разговарано е со директорката која објаснувала дека уметниците седеле и дека имало контрабас, а не знаеле дека и такви настапи се забранети.

Бидејќи не затекнале прекршување, трговскиот поминал само со опомена.

А откако е на сила мерката рестораните и кафулињата и кафаните да работат до 18 часот, направени се 229 контроли.

Четири лица биле приведени затоа што седеле во кафуле во Аеродром, на кого инспекцијата веќе му има ставено пломба на врата.

Инаку новите рестрикции ќе важат до 20 јануари.

Тоа не ги спречи граѓаните кои живееат во странство, во земји каде што веќе е на сила полициски час да дојдат во Македонија кај своите семејства и роднини  пред божиќните и новогодишните часови.

Само вчера имало 40 лета чија дестинација е скопскиот аеродром.

И додека европските земји забрануваат дури и нивните државјани да си дојдат дома за Божиќ, по сликите кои беа објавени од вчера , може да се види дека тоа не и случај кај нас, а дополнителна олеснителна околност за тие што сакаат да се вратат е и фактот дека сме единствено Македонија го укина и карантинот и ПЦР тестот , како услов за влез во државата.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе