Ковид19 Свет Топ вести

Задолжителен десетдневен карантин за влез во Австрија, северот на Италија под „локдаун“

Министрите на британската влада на состанок со премиерот Борис Џонсон разговараат како да се спречи заразата со коронавирусот во земјата. На состанокот се очекува да биде донесена и проценка за ширењето на новата варијанта на Ковид на југоистокот на земјата, бидејќи има голема загриженост за неговото брзо ширење. Рестриктивните мерки во овој дел од земјата се подигнати на највисоко ниво, а најверојатно денеска ќе биде објавена и одлуката за засилување на ограничувањата, како и забрана за патување во југоистокот на земјата и Лондон. Каде полицијата тешко се справува и со демонтрантите кои се противан на овие строги мерки.

Италијаните се подготвуваат за ново делумно затворање откако премиерот Џузепе Конте најави карантин за време на празниците. Забраните за движење ќе започнат од 21 декември и ќе траат до 6 јануари со одредени ублажувања за време на четирите работни денови. Овој потег следи откако во Лонбардија, Венето и Лацио стапката на пренос се израмни со пролетните рекорди.

  • Постои ризик овој викенд сите луѓе да излезат и да ја искористат приликата за купување на последните подароци, со тоа малку е ризична најавата за новите мерки ден пред викенд.
  • Според мене мерките се правилни, во сооднос со ситуацијата во која живееме. Секако дека не би знаел што да направам ако водев бизнис, за среќа не водам бар или ресторан, бидејќи тоа не е лесен момент за луѓето кои имаат такви бизниси, велат граѓаните.

Денеска на полноќ на сила стапува задолжителниот десетдневен карантин за сите кои што ќе влезат во Австрија, со која владата сака да спречи повратниците во земјата да го внесат коронавирусот. Најрано од изолација може да се излезе после пет дена доколку тестот направен на свој трошок излезе негативен. Австриските власти објавија дека 2.000 војници ќе им помагаат на голем број полицајци само на границите на Австрија со Унгарија и Словенија.

Прекуокеанска Австралија, земја која го избегна најлошото сценарио, пред се, заради затворање на границите за странците, им нареди строг карантин на околу 250.000 луѓе од северните предградија на најгустонаселениот Сиднеј – од денеска попладне до среда на полноќ не е дозволено излегување од дома. Таму има 41 е заразен од корона вирусот, властите не знаат од каде потекнува вирусот, иако трагата од тестирањето на геномот води кон САД.

Со оглед на она што го знаеме од тестирањето и со оглед на она што го знаеме од веројатниот број на случаи, ќе воведеме здравствени протоколи за Северните плажи од пет часот денес, за да се вратиме на ограничувањата на луѓето поучени од март. Во врска со напуштање на вашиот дом тоа да биде само со суштествена потреба, како на пример за работа, за здравствени причини, за вежбање или за пазарување, вели Гледис Береџеклијан, премиерка на Нов Јужен Велс.

Соединетите држави ја додадоа во својот арсенал на вакцини и вакцината на Модерна, со што се засилуваат напорите за сузбивање на епидемијата која секојдневно одзема по 3.000 животи. Вакцината, која пристигнува в понеделник ќе се користи на тепко пристапните локации, како што се руралните болници. Ова е прво одобрени во светот за дозите на Модерна, вакцината е многу слична со онаа на Фајзер/Бионтек која во мометов ја примаат многу здравствени работници во САД. Во САД има речиси 250.000 новозаразени во еден ден, што е најмногу досега.

Вечерва ФДА ја издаде втората дозвола за итна употреба на вакцина за Ковид – 19, ова одобрение е за вакцината на Модерна и доаѓа само една недела по одобрувањето на вакцината на Фајзе/Бионтек. По одобрението оваа дополнителна вакцина наскоро ќе се дистробуира низ земјата од страна нашите сојузни партнери. Ова е уште еден пресуден чекор  во борбата против глобалната пандемија која секојдневно предизвикува голем број на хоспитализирани и смртни случаи во САД, објаснува Стивен Хан, директор на Управата за лекови во САД.

Со инфицирани речиси 1% од населението, Индија стана втората најпогодена земја во светот од коронавирусот, по САД. Владата одреди 300 милиони луѓе да ја примат првата доза од вакцината, приоритет имаат здравствените работници и лицата со хринични болести.

Во светот досега, од почетокот на пандемијата во февруари годинава, со коронаворусот се заразиле повеќе од 76 миолиони лица, а во моментот активни се 21 милион.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе