Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Димитров, за СДСМ тие се безидејни и деструктивни

Вицепремиерот Никола Димитров е првиот министер од оваа Влада чија работа ќе биде преиспитана во Собранието. Опозициската ВМРО ДПМНЕ му забележува дека со своето недоаѓање на комисиска расправа, покажал непочитување на Собранието. Секретаријатот за европски прашања е пасивен и без отчет за првите 100 дена, а третата причина за интерпелацијата е заблудата во која е доведена јавноста со тврдењето на Димитров дека Македонија има одлука за старт на преговорите со Европската унија.

Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО ДПМНЕ, возврати СДСМ. Владеачката партија потсетува дека опозициската партија и лани поднесе интерпелација за истиот министер, но за неа гласаа само 20 пратеници, па очекува така да биде и годинава.

Оваа интерпелација ќе биде уште еден пораз за ВМРО ДПМНЕ. Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството, затоа што се бори за државните интереси. Интерпелацијата е само продолжение на деструктивноста и очајот на опозицијата и на докажаниот губитник Мицкоски.

Процедурата предвидува во рок од 15 дена министерот Димитров да даде писмен одговор до претседателот на Собранието. Потоа, интерпелацијата ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна собраниска седница.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе