Вести Македонија Топ вести

Институтот за историја како дилетантски потег го осуди новиот концепт за основно образование

Дилетантски потези однапред осудени на пропаст  – вака во соопштение Инстиутот за историја го оцени новиот концепт за основно образование.

Тие велат дека таканаречениот „Концепт“ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Според нив е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи.

Ќе се учи по Фински модел на настава во основно– ова е главен аргумент во ставот на надлежните за менувањето на наставнот план.

Тие неколку пари повторија дека нема да се укинуваат науки туку ќе има само спојување.

Па така историја ќе се учи со географија и граѓанско образование како општествени науки, а физика  хемија и биологија како еден предмет – природни науки, повторно со објаснување дека вака учат дел од скандинавските земји.

Сепак, во  наставниот план за финското основно образование стои дека од прво до шесто одделени покрај мајчин јазик и литература, втор национален јазик, странски јазици, математика, еколошки студии, религија, етика, музика, визуелни уметности, занаети, физичко образование историја се учи како засебен предмет почнувајќи од 4 одделение.

За новите измени , од Бирото за развој на образованието велат да се вработат нови наставници , потребни се нови учебници , наставни материјали и прирачници.

А, по цела недела жестои реакции за новиот концепт за основно образование, министерката Царовска на онлајн состанок со наставниците.

И денеска министерството за образование со став дека нема да се укинуваат предмети  , туку дека ќе учи по модерен модел на настава , а и дека никој од  наставниците нема да остане без работа.

„Наставниците ќе добијат поголема автономија во осмислување и реализација на часовите, како и поголема поддршка од системот. Ова е една од моите клучни заложби кои ќе ја подигнат мотивацијата на наставниците и квалитетот на наставата. Оттаму, колку што реформата ќе биде придобивка за учениците, токму истата е придобивка и за наставниците и образовните работници“ – тврди министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Инаку , новиот концепт за основно образование треба да почне од наредната учебна година.  

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе