Еден месец помина по смртта на 41 годишната беровчанка во штипскиот Ковид центар, македонската јавност за случајот дозна по реакциите на нејзината ќерка. Објавувајќи ги на социјалните мрежи повиците од мобилниот на нејзината мајка, на кои се гледа дека никој не и одговорил. Нејзината ќерка Михаела го чека извештајот, по што ќе одлучи што ќе преземи понатаму.
Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на штипската Клиничка болница, каде што почна да се поставува модуларната болница за ковид пациентите, потврди дека извештајот за стручниот наздор на Лекарската комора е изготвен за овој случај. Стручен надзор Лекарската комора има за седум случаи за починати пациенти од ковид низ земјава. Очекува денеска да им биде доставен
По случајот на Довичинска направена е нова реорганизација на Инфективното одделение, пациентите и здравствениот кадар сега имаат уште два мобилни телефони за комуникација. На одделението постојано се менуваат бројките на хоспитализирани, а околу две третини од пациентите зависат од боците со кислород. Проблемите се очекува да се решат со поставувањето на модуларната болница, покрај Штип вакви болници се градат во Кичево, Струга и Гевгелија. МИнистерот најави дека еднократна парчина помош од 30.000 денари ќе добијат околку 7600 вработени во јавното здравство кои имаат Контакт со ковид пациенти.
Викторија Димитрова Јованова