Ковид19 Македонија Топ вести

Прилеп со повеќе починати и од Скопје

Со 6 починати Прилеп вчера го имаше црниот рекорд во земјава по бројот на лица кои ја изгубиле битката со коронавирусот, па се најде дури и пред Скопје. Бројот на заразени и натаму е висок, а во изминатите 10 дена позитивни на вирусот се над 400 лица, активни се 920 случаи од кои 105 се хоспиталзирани во болницата, а 71 се на кислород. Со вкупно 163 починати смртноста достигна 4,6 проценти, со што Прилеп е, исто така, меѓу градовите со највисок леталитет.

Од почетокот на месецот 27 прилепчани ја изгубиле битката со вирусот, дел од хоспиталзираните се со тешка клиничка слика, а две третини од нив се на кислородна поддршка.

Од прилeпската Болница велат дека причина за  големиот број починати во последните денови е што овие пациенти се од повозрасната категорија и дошле во многу  тешка сосотојба.

Паценитите што  се примени во последните денови кои  се примаат  се со потешка клиничка слика , со многу ниска сатурација и тоа е причина за смртните случаи што ги имаме  во последните две недели. Моментално во сите одделенија има  барем по еден или двајца што се со потешка клиничка слика, со ниска сатурација под 70. Покрај цела  медикаментозна терапија, кортикостероиди, антибиотици што ги даваме се развива масовна пневмонија,  која ние никако не можеме да ја санираме, вели Драги Богојески, директор на општа болница Прилеп.

Ваквата епидемиолошка слика и големиот број на починати ги загрижува граѓаните на Прилеп.

Алармантна е состојбата, први сме после Скопје, вчера 6 починати, штета. И член  од моето семејство почина. Здрава права, ја однесовме во болница, ни рекоа има корона и за два часа почина. Многу е страшна работата, не знам до каде ќе оди ова, велат прилепчани.

Инаку, во  болницата во Прилеп има 30 слободни места на петте одделенија кои се пренаменети во ковид оддели.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Убиени секретарка и советник на градоначалничката на Мексико Сити – заседа среде бел дел во центарот на градот

Дејан Дејан

Акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“ – претреси на пет локации во Скопје

Дејан Дејан

Брисел е пред банкрот, расте криминалот, улиците се полни со дрога, вели министерот за внатрешни работи на Белгија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе