Македонија Топ вести

Заев за бугарското вето: И јас ја чувствувам горчината и има тага во моите очи по ветото од Бугарија 

Премиерот на македонската влада, Зоран Заев, во вечерашната Топ Тема во интервјуто со главниот уредник на Телма, Атанас Кировски, изјави дека и тој како сите македонски граѓани ја чувствува горчината по ветото од Бугарија за почетокот на преговорите со Европската Унија.

“Видоа и граѓаните дека има работи за кои не само што не се преговара, туку и не се разговара и се надевам дека нашите пријатели од Бугарија, владата, претседателот, па дури и опозицијата, треба да знаат дека правото на самоидентитет, на определба, на свој мајчин јазик е наше сопствено, универзално право, загарантирано со меѓународни договори, со универзални човекови права“ – изјави Заев.

Тој потенцираше дека Европа во своите фундаментални вредноси е пример за многу убави работи а една од нив е дека ги развива сите европски идентитети а нашата земја е Европа во мало, со сите различни етнички групи и религиозни заедници и очекуваме ЕУ да ги почитува нашиот идентитет и јазик.

Според Заев, друг пат освен полноправно членство во ЕУ за македонските граѓани нема и тој ги чувствува горчините кои ги чувствуваат сите граѓани.

“Дури и за Танго треба двајца” – изјави Заев за разочараноста од бугарското вето.

Според него , иако тој ја смета Бугарија за пријателска земја , ветото секако не може да се смета за пријателски чин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе