Македонија Топ вести

Македонија прва во регионот според индексот за интегритет во секторот одбрана

По две години истражувања на работата на Министерството за одбрана, од страна на експерти од Велика Британија и други земји, „ Транспаренси Интернешанал“, според индексот за интегритет ја рангира Македонија на второ место меѓу земјите од Централна и Источна Европа. Пред Македонија е само Латвија, а зад нас сите држави од регионот или тоа се подобри резултати од 4 земји членки на ЕУ и од 6 кои членуваат во НАТО.

Ова е посебна програма на Транспаренси Интернешнал , која се работи врз основа на повеќе категории кои се истражуваат. Едната категорија е политички ризик, другата е финансиски ризик, третата е ризик во персоналот, четвртата е оперативен ризик, а петтата категорија е ризикот во областа на јавните набавки, вели претседателката на Транспаренси, Слаѓана Тасева.

Во 2015 година Министерството за одбрана било рангирано на 55 место според транспарентноста на институциите во државата, а Норвешкиот центар за интегритет го оценил како едно од најзатворените. Верувајќи во правото граѓаните да знаат каде одат нивните пари, од кога дојдов на функцијата министер во 2017 година, работевме и постигнавме ресорот одбрана денес да биде прв на табелата меѓу останатите институции на централно и локално ниво, во однос на отчетноста, интегритетот во јавните набавки и транспарентноста, рече министерката Шекеринска.

Безбедноста сметавме, а и денес сметаме дека не е намалена со транспарентност. Напротив. Одржлива безбедност и стабилност на секоја држава, особено држава како што е нашата, во регионот како нашиот, може да се гарантира исклучиво со транспарентност на институциите кои што се платени да ја гарантираат, порача таа..

Транспарентноста се огледа во лесната достапност на информациите до граѓаните и невладиниот сектор на веб страницата на министерството, а ќе се специјализираме и во борба со лажните вести, дополни Шекеринска. Сепак иако беше прашана за успесите и грешките во првите 100 дена на владата, одби да одговори,оти  отчетот бил планиран од петок натаму.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе