Македонија Топ вести

Случај украдена марихуана во Јосифово: Крадците непознати, шверцерите кој во бегство, кој приведен, 90 % од дрогата ја нема

Истрагата за кражбата на камион со марихуана кој беше украден во валандовско Јосифово, а беше најден во скопско Арачиново- се проширува, ама министерот за внатрешни работи не дава дополнителни податоци освен покачениот број на осомничени.

Од друга страна обвинителството излезе со информација и како се одвивал грабежот и дека бара притвор за 2-ца приведени и за 4-ца избегани кои се осомничени за шверц на дрога затоа што украле речиси два тона (1948 килограми)од легално произведената марихуана. Најдени во Мојанци се нешто повеќе од 10 проценти од украденото, а за кусокот од 1,75 тони обработен канабис нема детали дали е најдена, дали е во Македонија или веќе е прошверцувана преку границите. Пленот, арачиновската група го носела со специјално купен камион со лажни регистрации.

Осомничените предметното возило натоварено со наркотичната дрога го прателе  со уште две товарни моторни возила.  Сите осомничени заедно се упатиле во објект во Скопје, од каде  возилото кое било претходно натоварено со наркотична дрога марихуана го однеле на Кванташки пазар во Скопје од каде го однеле до с.Мојанце, општина Арачиново каде од страна на петоосомничениот дел од наркотичната дрога во количина од 231,773 кгр била одземена и истата во периодот од 4.12.2020 до 7.12.2020 година  ја држел сокриена заради продажба во пластеник  пред семејната куќа во с.Мојанце.

Пред да се огласи обвинителството, министерот Спасовски не сакаше да открива детали колку марихуана е најдена, а колку се уште се води како украдена, правдајќи се со истрагата што тече.

Најденото е дел од количината што е украдена во Јосифово, а за тоа колку е најдено се уште се вршат активности и дополнително ќе соопштиме, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Обвинителството соопшти дека во изолираниот канабис-погон во Јосифово пред 5 дена бил ограбен од засега непознати лица кои го совладале чуварот, му врзале лисици и го затвориле во една просторија. Го украле ладилникот со речиси два тона марихуана и му ставиле лажни таблички. Потоа непознатите крадци ја предале пратката на сега соомничените кои со новокупен камипн марка Даф го носеле до Скопје.

Нема информации колкумина непознати се директните разбојници од Јосифово, а министерот рече дека вкупната бројка на осомничени е 8 лица, додека за 6-мина обвинителството бара притвор. Товарот и објектот го чувал еден чувар, а законска обврска е фирмата да има постојано обезбедување, 24-часовно видео снимање на објектот, но и следење на произведеното. Контролата дали овие заштитни мерки се спроведуваат е во здравство, а МВР е надлежна само за агенциите за обезбедување, вели Спасовски.

Знаете дека за лиценци се доделуваат во министерството за здравство, а се предвидени сите работи и  услови како треба да изгледа такво место, колку сефови да има, какво физичко и техничко обезбедување е задолжително да се има. МВР е задолжено само за контрола на агенциите за обезбедување кои се ангажирани во тие објекти, истакна Спасовски.

Многу детали и натаму се нејасни, а се отвори и прашањето колку насадите и производите од канабис-фармите се безбедни за да не паднат во криминални комбинации.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Убиени секретарка и советник на градоначалничката на Мексико Сити – заседа среде бел дел во центарот на градот

Дејан Дејан

Акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“ – претреси на пет локации во Скопје

Дејан Дејан

Брисел е пред банкрот, расте криминалот, улиците се полни со дрога, вели министерот за внатрешни работи на Белгија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе